Утрински Весник
Свет

Дмитриј Полјански: Целта на Украина е да го вовлече НАТО во конфликт со Русија

Дмитриј Полјански: Целта на Украина е да го вовлече НАТО во конфликт со Русија

На Украина и треба провокација со „валкана бомба“ за да го вовлече НАТО во конфликт со Русија, смета првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН, Дмитриј Полјански.

dobivaj vesti na viber

Тој за весникот „Известија“ изјави дека западните земји постојано изјавиле дека употребата на нуклеарно оружје во Украина е „црвена линија“ што ќе повлече некои порешителни акции од нивна страна и навести директно вклучување на земјите од НАТО.

Според него, сегашните средства обезбедени од НАТО не се доволни за украинските власти, па затоа има потреба да се изврши провокација,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

11 лица загинаа во лавина на планина во Русија

АфД победи на изборите во Саксонија-Анхалт, но не освои мнозинство

Две жртви во израелски напад врз Појасот Газа