Утрински Весник
Македонија

ДКСК ќе ги испитува сите именувања на новите директори

432224 720x340 1.jpg

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) известува дека внимателно го следи процесот на именувања на вршители на должност (в.д.) директори во неколку државни институции и дека ќе го испита секој случај поединечно со цел да утврди дали именувањата се во согласност со законските прописи и дали истите се предвидени и дозволени.

Доколку се утврди дека именувањата се спротивни на законските прописи, ДКСК ќе преземе соодветни мерки и ќе поведе постапки по сопствена иницијатива. Комисијата се залага за обезбедување на законитост и транспарентност во процесот на именувања и назначувања во државните институции.

Целта на овие проверки е да се осигура дека секое именување е направено во согласност со важечките закони, и дека нема злоупотреба на функцијата за лични или политички интереси.

Комисијата ќе продолжи со мониторингот и со својата работа ќе придонесува за одржување на интегритетот и довербата во институциите од јавниот сектор“, соопшти Државната комисија за спречување на корупцијата.

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”