Утрински Весник
Свет

Диво куче гризнало девојче на плажа во Австралија: Се здобило со повреда на главата, родителите едвај ја спасиле

Диво куче гризнало девојче на плажа во Австралија: Се здобило со повреда на главата, родителите едвај ја спасиле

Шестгодишно девојче било нападната од диво куче на плажа во Австралија додека пливала во плиткото.

dobivaj vesti na viber

Девојчето се здобило со повреди на главата, како и со полесни рани на рацете.

На девојчето ѝ било укажана медицинска помош на местото на настанот, но на крајот била пренесена во болница во Квинсленд.

Животното ја држело под вода неколку моменти пред другите членови на семејството да и помогнат и да ја извлечат  од водата“, изјавиле членовите на спасувачката екипа, пренесува Мирор.

Австралискиот остров Фрејзер, каде што се случил нападот, е познат по своите „динго“, вид на диви кучиња. Секоја година ги предупредуваат туристите, кои престојуваат на островот, да бидат внимателни бидејќи овие диви животни брзо се движат и обично се појавуваат од никаде.

„Никогаш не оставајте ги децата да спијат сами во шатори или да одат сами на прошетка без надзор на повозрасно лице“, стои во предупредувањето до туристите.

Последниот фатален напад се случи во 2001 година кога деветгодишно момче беше убиено од глутница диви кучиња на овој остров.

Можете да прочитате

Зеленски ги повика странските претставници да не присуствуваат на парадата на 9 мај во Москва

САД и Иран меѓусебно се обвинуваат за нарушување на примирјето во Ормуската Теснина

Трамп: ЕУ има рок до 4 јули за трговскиот договор, во спротивно следуваат повисоки царини