Утрински Весник
Македонија

Дискриминирачки е 10.000 денари повисока плата да имаат вработени во министерства и секретаријати, предупреди Комсијата

Дискриминирачки е 10.000 денари повисока плата да имаат вработени во министерства и секретаријати, предупреди Комсијата
300x250 (7)

Неоправдано е административците вработени во министерства и секретаријати да имаат за 10.000 денари повисока плата од останатите административци вработени до институциите, заклучи Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Комисијата бара од Владата и од Министерството за информатичко општество повлекување на одредбата од предлог – Законот за административни службеници оти е дискриминирачка и се прави голема разлика во платите за вработени кои работат иста работа и исполнуваат исти услови за вработување како и останатите административци.

dobivaj vesti na viber

„ Постојат категории од Б до Г кои ги уредува овој закон и тука разликата е 200 бода со кои се ставаат во поволна положба за оние кои се вработени во министерствата и секретаријатите. Оваа разлика од 200 бода во бруто износ е 16.000 денари или 10.000 денари во нето износ. Комисијата смета дека ваквото правење разлика не претставува легитимна цел или поделба ако се има предвид дека сите административни службеници работат иста работа, имаат работа од еднаква вредност, а се прави голема разлика во платите“, рече Исмаил Камбери, претседател на Комисијата.

300x250 (7)

Доколку оваа одредба за разлика во платите не биде повлечена од Комсијата предупредуваат дека може да предизвика дискриминација на сите граѓани.

„ Ако ваквата одредба остане во законот Комисијата смета дека би се направиле системски проблеми во работењето на цела држава. Вработените кои би земале помала плата би изгубиле мотивација за работа, би се изгубила ефективноста и ефикасноста на работењето на институциите, а во иднина и на долг рок може да биде основ за креирање структурна дискриминација која може да предизвика директна дискриминација кон сите граѓани кои ги користат сервисите на овие институции“, вели Камбери.

Предлог – законот за административни службеници беше објавен на ЕНЕР во октомври годинава. Од Комисијата известија дека стручното мислење е веќе испратено до Владата и до Министерството и најавија дека ќе го следат процесот.

Ss1

Можете да прочитате

Пендаровски ги негира гласините од опозицијата дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори

Сиљановска – Давкова: Крушевчани имаат на што да бидат горди! 

Петровска објави скандал: ВМРО-ДПМНЕ го избриша името Македонија од Статутот на партијата