Утрински Весник
Македонија

Дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител

Obvinitelstvo 1.jpeg

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција едногласно донесе решение со кое се поведува дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, за сторена тешка дисциплинска повреда согласно член 91 ст.1 алинеја 1 и 6 од Законот за јавното обвинителство.

Комисијата едногласно донесе решение со кое се поведува дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и еден јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје за сторена тешка дисциплинска повреда согласно член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство.


„Постапувајќи по предлогот на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Комисијата одржа расправа на која ги разгледа писмените извештаи од известителите по предлогот за поведување дисциплински постапки и писмените изјаснувања на јавните обвинители, по што оцени дека постои основано сомнение дека во двата случаи јавните обвинители сториле тешки дисциплински повреди. Во првиот случај, дисциплинската постапка е поведена против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје поради констатирани неправилности во начинот на заведување на предметите во Вишото јавно обвинителство Скопје. Втората дисциплинска постапка е поведена против јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје заради нестручно и несовесно работење во 4 предмети во кои се откажал од жалба или обвинение, како и против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје пред кого била реферирана и со чија согласност била донесена одлука во три од наведените предмети“, велат под ОЈО.

Бидејќи Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје е веќе оддалечен од функцијата поради кривична постапка која се води против него, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска донесе одлука за оддалечување од функцијата и на другиот јавен обвинител против кого е поведена дисциплинска постапка се додека трае постапката против него.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ бара најстрога казна за возачот кој ја усмрти Фросина и повикува институциите да постапуваат според закон

ВМРО-ДПМНЕ бара на најстрога казна за возачот кој усмрти 22 годишна девојка на Партизанска

Изет Меџити: Србија е полудемократски режим