Утрински Весник
Македонија

Директорката на НУ „Завод и музеј“ Битола незаконски се унапредила на работното место

Mvr Policija 4.jpg

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „несовесно работење во службата“, соопшти МВР.

Пријавената, како директор на Националната установа „Завод и музеј“ Битола, постапила спротивно на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за работни односи. Според МВР, таа несовесно ги извршувала службените обврски така што го изменила Актот за систематизација, при што го укинала своето работно место „виш кустос“ и си обезбедила ново работно место „кустос советник“, кое е на повисоко ниво од претходното.

Можете да прочитате

Почина торакалниот хирург Зоран Спировски

„Ниту една повеќе“ – протест во Скопје против фемицидот

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата