Утрински Весник
Македонија

Директорката на ФЗО не гледа одговорност кај неа за хакирањето: Во рекордно време го вративме системот

Фондот го врати Здравство 20 години назад, рачно и на жими мајка до понеделник ги бара податоците за плати, реагираат лекарите

Директорката на Фондот за здравство, Магдалена Филиповска-Грашкоска, не чувствува морална одговорност за хакирањето на системот. Другиот директор, Фатон Ахмети, за време на сајбер нападот си бил на одмор кој не го прекинал по падот на системот. Според Филиповска-Грашкоска, истрагата ќе покаже кој е виновен.

dobivaj vesti na viber

„Од прв момент кога сум влезена во институцијава давам напори за се подобра услуга за граѓаните“, рече Грашковска, па беше потсетена на прашањето за моралната одговорност таа додаде: „Максимално се вложивме да го решиме проблемот. Сметам дека фактот дека е решен за толку брзо време покажува дека си ја вршиме работата. Избразно и некоректно е да посочам со прст во некого за вина“.

Филиповска-Грашкоска не сакаше да го коментира одморот на другиот директор на Фондото, Фатон Ахмети. Таа побара новинарите лично да го прашаат зошто не го прекинал

„Сметам дека би било непрофесионално и некоректно да коментирам во негово име. Колегата беше известен за ситуацијата и брифингот, согласно решението, тој е се уште на одмор“, додаде Филиповска-Грашкоска.

Прашана колку пари бараа хакерите, Филиповска-Грашкоска рече „сите прашања се предмет на истрага“.

Можете да прочитате

Преку кампања купувај домашни земјоделски производи ќе го зголемиме производството и потрошувачката

Мајка и три деца евакуирани од Израел со лет од Тел Авив до Атина

Филипче до Мицкоски: Денот по утрото се познава, најлошото допрва доаѓа