Утрински Весник
Македонија

Директорите на ЦСР по изјавата на техничкиот министер бараат извинување за нарушување на интегритетот на вработените

Download 9.jpg

Навредите на еден министер кон сите вработени и повредата на достоинството на директорите е неприфатливо однесување за предводник кој треба да влева доверба и сигурност кај граѓаните! Како директори јавно го искажуваме своето незадоволство од непромислените изјави на техничкиот министер, Ѓоко Велковски на вчерашната прес-конференција. За еден професионалец да работи во социјална заштита потребна е посветеност, толеранција и емпатија, чиста професионалност и информираност, а пред се знаење. Министер што не ги проверува информациите пред да ги каже во јавност а притоа ги навредува сите вработени во институцијата каде моментално тој е на чело е целосно неприфатливо.  Бараме извинување за нарушување на интегритетот на нашите вработени, како директори го цениме трудот на вработените и никакви политички игри не смеат да ја навредат нивната професионалност! Човек што не ги почитува вработените, не може да води едно од најголемите министерства во државата!

Можете да прочитате

Од мозочен удар до отказ: Тримчески ја откри животната голгота

Спасувачка акција на автопатот Скопје-Велес: Шест лица спасени од излетано возило

Херои во сенка: Личниот асистент Филип ја раскажа својата приказна на 4ТВ