Утрински Весник
Свет

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Screenshot 2024 04 14 144309.jpg

Директните напади меѓу Израел и Иран завршија и Техеран нема да одговори на денешниот наводен израелски напад, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименуван разузнавачки извор во регионот.

Според истиот извор, Иран нема да одговори на денешниот наводен напад врз иранскиот град Исфахан.

Американски функционер претходно денеска изјави за Си-Ен-Ен дека Израел го нападна иранскиот град Исфахан како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 13 април, а иранските медиуми објавија дека три беспилотни летала биле соборени над Исфахан.

Иран го нападна Израел на 13 април со околу 300 беспилотни летала и проектили како одмазда за израелскиот напад врз конзулатот во Дамаск на 1 април, во кој загинаа командантот на иранската револуционерна гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и петмина полицајци кои ги придружувале.

Можете да прочитате

Вагоните преполовени, објавена снимка од воздух од железничката несреќа во Шпанија

Најмалку 11 луѓе загинаа во пожар во трговски центар во Пакистан

Корепер реши да му даде шанса на дијалогот со Трамп пред евентуално преземање „одмазднички царини“ кон САД