Утрински Весник
Скопје

Димовски: Аеродром не може да живее од комуналии и милостина, треба развоен буџет

Levica Logo Crveno Transparent.png

„Не може општината да зависи од комунални трошоци што се плаќаат за да се градат нови згради и од централната власт”, порача советникот на Левица, Михајло Димовски, на седницата на Советот на Општина Аеродром, на која се расправаше за ребаланс на буџетот.

Во своето излагање Димовски предупреди дека ваквата структура на буџет и проектни приоритети ја држат општината во постојана финансиска неизвесност. Тој им посочи на градоначалникот и советниците дека „следен пат мора да бидат проекти кои што ќе донесат вистински развој и нови приходи на општината”, истакнувајќи дека Аеродром мора да се движи кон самоодржливи модели.

Димовски предложи отворање на расадник во рамките на јавното комунално претпријатие, како и создавање технолошка зона која би генерирала свежи приходи и инвестиции. Според него само на тој начин општината ќе излезе од зависноста од комуналии, такси и политички пресметки.

„Не може општината да зависи од милоста или немилоста на централна власт. Некогаш ќе дојде некој друг. И што тогаш? Ќе биде како што беше предходниот пат”, порача Димовски, повикувајќи на долгорочна визија, а не на привремени решенија.

Можете да прочитате

Лукровски и Саракинов и го честитаа стотиот роденден на баба Славка

Гадоначалникот Костовски затвори нелегално градилиште во Визбегово, истото ќе биде срушено

Јавното претпријатие од Гази Баба доби директор, именуван е Дени Милевски