Утрински Весник
Македонија

Димитриевски за изјавите на Филков и Милошоски: Тоа се лични, а не ставови на партиите

Maksim Znam.jpeg

Премиерот тоа го дефинира како лош ден, а јас би го дефинирал како лоши и некоректни изјави, но тоа се лични ставови и видувања, а не официјални на партиите – вели претседателот на Движењето За наша Македонија (ЗНАМ), Максим Димитриевски, во врска со меѓусебните дискредитации што пред неколку дена јавно си ги упатија пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски и министерот за правда Игор Филков од редовите на ЗНАМ.

Во гостувањето на Тема на денот на ТВ Сител, Димитриевски вели дека владината коалиција е стабилна и дека во овој момент не постојат никакви отворени прашања кои би ја нарушиле функционалноста на Владата и парламентарното мнозинство.


„Можеби ќе слушаме и во иднина такви изјави, тоа се лични ставови и видувања. Но мислам дека е политички некоректно да се коментира надвор од партиски органи и тела за одредени работи кои, сепак, претходно беа анализирани од страна на самиот мандатар и претставниците во извршната власт. Но, како и да е, ние немаме намера да криеме ништо од јавноста. Нашите членови во партијата, вклучувајќи го и министерот Филков, имаат право на свој издвоен став и мислење и секако и во иднина не исклучувам да има вакви испади или ставови на луѓе во партијата или поддржувачи кои ќе дадат свои лични видувања за поединци од другата страна, вклучувајќи ги и нашите коалициони партнери. Затоа постои демократијата“, вели Димитриевски.

Не е првпат, додава тој, Милошоски да излегува со сопствен став и видување за одредено прашање.

„Во минатото имал такви ставови во однос на мене, упатувал критики, но јас тоа сум го игнорирал не земајќи го здраво за готово. Но како и да е, нормално е дека секогаш пред избори се разгорува реториката којашто ја користат самите политички репрезенти сакајќи да собетар ситни евтини политички поени за себе. Она што е важно е дека Владата и владините партнери се стабилни“,додава претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски ја прокоментира и лидерската средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче. Ги поздрави сите видови дијалог во политичката комуникација, истакнувајќи дека дијалогот во политиката е неопоходен и добредојден, но рече дека не треба да се дава повторно можност креаторот на проблемите да биде и креатор на решенијата

Можете да прочитате

Хашка декларација: Членките на НАТО се обврзаа да инвестираат пет отсто од БДП за одбраната до 2035 година 

Директорот на БЈБ Јанев на Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа

Сиљановска-Давкова од Хаг повика да се деблокира процесот на проширување