Утрински Весник
Спорт

Димитриевски повоторно е во игра за преселба во Барселона

Dimitrievski.jpg

Каталонскиот спортски весник Мундо Депортиво во својот најнов број посочува дека македонскиот фудбалски репрезентативен голман Столе Димитриевски, е добро решение за позицијата на голот кај актуелниот шпенски првак Барселона, кој сезонава има многу турбуленции. Според „Мундо Депортово“, сегашниот втор голман на тимот од „Камп Ноу“, Ињаки Пења има договор со клубот до 30. јуни. Барселона не сака да му го продолжи, па затоа е во потрага по нов чувар на мрежата, па како прва опција кој би можела да го добие без отштета го посочува македонскиот репрезентативец. Ова не е првпата во медиумите Димитриевски да се споменува како опција за Барселона. Димитриевски беше во игра за преселба во Барселона и во 2022 година кога беше неизвесна ситуацијата со Нето. Бразилецот остане во клубот па пропадна речиси договорениот трансфер на Димитревски. Пред само неколку денови, пак, Димитриевски изјави дека нема понуди од други клубови и дека со 90% сигурност ќе потпише нов договор со Рајо Ваљекано каде брани од 2018 година. Димитриевски важи за еден од најдобрите голмани во шпанската Ла Лига, не само според статистичките показатели кои секогаш биле на негова страна, туку и според индивидуалните впечатоци на голем број фудбалски аналитичари. Димитриевски во моментов е на третото место во шпанското првенство со девет натпревари без примен гол, зад Унаи Симон од Атлетик Билбао кој има 12 меча без примен гол и Алекс Ремиро од Сосиедад со 11 натпревари.

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот