Утрински Весник
Спорт

Димитриевски ги минал лекарските тестови и потпишал договор со Валенсија до 2028 година

217970 Dimitrievski Pokazha Karakter So Toa Shto Ne Trchashe Po Arapskite Pari.jpg

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски ги минал медицинските прегледи во Валенсија и потпишал договор со шпанскиот фудбалски ла-лигаш, обелодени познатиот италијански новинар Фабрицио Романо. Димитриевски важи за еден од најдобрите голмани во шпанската Ла-лига. Играчот веќе ги минал медицинските прегледи, а и ставил потпис на договор кој ќе трае до јуни 2028 година. Во Валенсија тој доаѓа како замена за грузискиот голман Мамадаршвили кој гледа кон Премиер лигата. Грузиецот има понуда од Њукасл, но уште ништо не е договорено. Столе Димитриевски имаше одлични настапи во Рајо Ваљекано, а стана и голман со најмногу настапи во историјата на клубот.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија