Утрински Весник
Македонија

Димитриеска-Кочоска: Се операционализираат 250 милиони евра од унгарскиот заем за фирми

Dimitrieska Kocoska Ministerka.jpg

Во функција се 250 милиони евра од билатералниот заем со Унгарија. Владата одлучи да ги стави достапни на стопанството во земјата, поточно на компаниите.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, соопшти дека по одобрувањето на договорите за кредитна линија за финансирање инвестиции и развој на приватни компании кои ќе се пласираат преку Банката за развој и кон крајот корисниците преку банките комерцијални.


„Со денешните одлуки на Владата влегуваме во завршна фаза од функционализацијата на средствата од унгарскиот кредит наменет за компаниите. Со потпишувањето на договорите се отвора пат Банката за развој да ги добие средствата од Буџетот и да ги пренесе на деловните банки кои учествуваат во оваа програма и оттаму на компаниите. Односно, со потпишувањето на договорите ќе започне операционализација на средствата од кредитната линија за финансирање инвестиции и развој на приватни компании во износ од 250 милиони евра во денари преку деловните банки“, рече министерката.

Таа додаде дека условите се повеќе од атрактивни со каматна стапка од 1,95%, рок на отплата до 15 години и грејс период до 3 години.

Можете да прочитате

Отровно растение од Тексас дојде во Неготино: Ако го забележите, веднаш алармирајте ги еколозите од “Ековита”

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

Апел за помош на 26-годишниот Виктор, татко на 4-месечно бебе кој боледува од тумор на главата