
Еврообврзницата која што е предвидено да се издаде на меѓународниот пазар следната година ќе биде поделена во два дела од по 500 милиони евра со различен рок на доспевање. Ова го соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната средба со новинари на која посочи дека целта на издавање на еврообврзницата во два дела со доспевање во различен временски период е да се одржи стабилноста на јавните финансии на долг рок и да се обезбеди ликвидност за сервисирање на обврските што доспеваат.
Допрва се прават анализите околу рочноста на задолжувањето по втората половина на јануари, се бара модел за поголема атрактивност кај инвеститорите за еврообрзниците коишто се над 500 милиони евра бидејќи може да се тргуваат на секундарниот пазар.
Средствата се потребни за исплата на Еврообврзницата издадена во 2020 година во износ од 700 милиони евра која доспева во 2026 година.



