Утрински Весник
Македонија

Димитријевиќ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со 5 тони дрога

Sasha sdsm gen sek 2.jpg

Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар

СДСМ веќе со денови предупредува на последните настани поврзани со најголемата заплена на марихуана во регионот: 5 тони дрога во соседна Србија, која потекнува од Македонија.

Ова е скандал од огромни размери кој го открива длабокиот криминал на актуелната власт предводена од ВМРО и Христијан Мицкоски.

Според неофицијални информации од медиумите во Србија, обвинителствата во Србија и во Македонија добиле клучни податоци од Американската агенција за борба против дрога (DEA).

Поради оваа меѓународна соработка, премиерот Мицкоски веќе една недела нема одговор на клучното прашање: како 5 тони марихуана успеале да ја преминат границата, да излезат од Македонија и да влезат во Србија?

Овој молк не е случаен, туку индикатор дека во тврдењата има вистина. Бидејќи фактите укажуваат дека без поддршка на структури во власта, МВР, Царината и други институции, ваква огромна шверцерска операција би била невозможна.

Затоа е паниката во власта.

Наместо да се соочат со фактите, тие водат медиумска кампања за дефокусирање на јавноста од енормните количини запленета дрога.

СДСМ бара итна, независна и транспаррентна истрага која ќе даде одговор на клучните прашања:

Кој сѐ е вмешан и кој дозволил 5 тони дрога да поминат преку граница?

Дали Симе, од сликите со Мицкоски е исто така дел од мрежата?

Ова нема лесно да заврши! Сите ќе одговараат!

Можете да прочитате

Повредени двајца тинејџери, со четирицикл излетале од патот

Притвор за маж од ресенско поради измами со лажни лекари и сообраќајни несреќи

Врнежите го полнат Дојранското Езеро, водостојот зголемен за околу 50 сантиметри