Утрински Весник
Македонија

Димитријевиќ: 21 век е, а луѓето во Перо Чичо се уште газат кал и немаат вода – тоа мора да се смени

Fb img 1759669738210.jpg

“21 век е, а луѓето во Перо Чичо се уште газат кал и немаат вода.
Тоа мора да се смени!

Денес заедно со кандидатот за градоначалник на Куманово другарот Мартин, носителот на советничката листа Томица и нашиот пратеник Оливер, бевме на маалска средба во Перо Чичо.


Разговаравме отворено за проблемите, за пропустите на локалната власт, но и за решенијата што Мартин и тимот на СДСМ ги нудат.

На овие избори време е да свртиме нов лист.

Со Мартин, Куманово повторно ќе се развива како во годините кога беше предводено од СДСМ, град пример не само во Североисточниот регион, туку и во цела држава.

Програмата на Мартин и советничката листа на СДСМ содржи проекти што се реални, остварливи и во интерес на сите граѓани.

Вреди да се бориме за нашиот дом. Вреди да се бориме за наше социјалдемократско Куманово”, објави генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ на Фејсбук.

Можете да прочитате

Милошоски индиректно го прозва и премиерот – Во Правда се држи несоодветен кадар, ЗНАМ реагира

Донесена одлука за украсување на Тетово

Гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија треба да биде готов до крајот на 2027 година