Утрински Весник
Македонија

ДИК го комплетира новиот парламентарен состав

Dik 2 1.jpg

Единаесеттите парламентарни избори во Македонија завршија откако денеска Државната изборна комисија (ДИК) го соопшти комплетниот нов парламентарен состав по одлуката на Управниот суд да ја одби тужбата за прегласувањето во село Ларце од Европскиот фронт. По ваквата одлука на Управниот суд, Европскиот фронт загуби еден пратеник, а доби Вреди, со што се изедначија со по осум освоени пратенички мандати ИЕ шест. Наместо заменик министерката за надворешни Фатмире Исаки од коалициската ДПА на Европскиот фронт, во пратеничкото столче ќе седне Имрлије Салиу-Фетаи од Вреди, која до пред две години работеше во кабинетот на гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари.  Од Државната изборна комисија соопштија на пресот дека деветиот кандидат од листата на коалицијата Вреди, Аднан Азизи ќе биде пратеник на место лидерот на БЕСА, Биљал Касами кој се откажа од пратеничкиот мандат и останува прв човек на Тетово.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Словачка, Ивета Хрицова

МЗ: Пациентот што почина на Онкологија е донесен во многу тешка состојба

(Видео) Сопруга на загинатиот полицаец во Кочани: Со поткуп, свекорот ја продаде смртта на мојот сопруг, оставка од Тошковски