Утрински Весник
Македонија

ДИК: Гласањето на болните, немоќните и затворениците за градоначалници во четири општини се одвива непречено

20260109185345 big 730x400 12.webp.webp

Денеска се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, како и на лицата кои се на издржување казна затвор или притвор, за повторните избори за градоначалници во општините Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа.

– Вкупно 249 болни или немоќни лица можат да го остварат своето право на глас на овие избори. Од нив, 146 лица се пријавени за гласање во Гостивар, 32 болни или немоќни лица имаат право да гласаат во Врапчиште, 69 лица може да гласаат за градоначалник на општина Маврово и Ростуше и две лица може да гласаат за градоначалник на општина Центар Жупа – соопшти Државната изборна комисија.

Со почеток во 7 часот во седум казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 94 лица кои се на издржување казна затвор или притвор.

– Гласањето започна утринава во 7 часот и досега се одвива непречено, без проблеми – велат од ДИК.

Можете да прочитате

Колку години треба да работите за да купите стан од 60 м²?

Андоновски: Владата останува цврсто посветена на исполнување на европските критериуми

Од пријавени 248 гласале 242 болни или изнемоштени лица