Утрински Весник
Македонија

ДИК: Гласањето на болните и немоќните лица помина без неправилности, резултатите ќе се објават утре

Dik glasanje.png
Dik 300x250 mk

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа. Гласањето на оваа категорија гласачи се одвива во општините каде се одржува вториот круг на локалните избори и Градот Скопје.

Од вкупно 4.826 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на вториот круг од локалните избори, до 20:00 часот гласале 3327 гласачи.


Во 14 казнено поправни установи, каде што своето право на глас можат да го остварат 1256 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, до 18:30 часот гласале 588 гласачи.

Од 214 лица сместени во установите за вонсемејна грижа до 18:30 часот гласале 125 гласачи.

Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности.

ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните и немоќните лица, затворите и домовите за стари лица, не се објавуваат денес посебно. Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвараат денес.

Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре после 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина каде што се гласа.

Можете да прочитате

Следуваат продор на нов ладен воздух од северозапад и нови врнежи од дожд

Хаким Рамадани си прави митинг во Челопек за време на изборен молк (ВИДЕО)

Додека преземал службени дејствија жител на Велешта нападнал полициски службеник