Утрински Весник
Македонија

ДИК ги потврди сите седум претседателски кандидатури

Dastevski.jpg
Ss2

Државната изборна комисија (ДИК) едногласно ги потврди кандидатурите на сите седум кандидати кои доставија кандидатури за избор на шеф на државата на претстојните претседателски избори кои ќе се одржат на 24 април и вториот круг на 8 мај.

Тоа значи дека и официјално во изборна трка за претседател на државата влегуваат Стево Пендаровски, Стевчо Јакимовски, Максим Димитриевски, Арбен Таравари, Билјана Внаковска, Бујар Османи и Гордана Силјановска Давкова.

Ss1

Претседателот на ДИК Александар Даштевски на седницата рече дека дополнително кандидатите Јакимовски и Таравари треба во рок од 48 часа да достават единствен даночен број и трансакциска сметка.

Зад кандидатурата на Пендаровски застана СДСМ и коалицијата, Јакимовски е кандидат на ГРОМ, Димитриевски на ЗНАМ, Таравари на коалицијата Вреди, Ванковска на Левица, Османи на ДУИ и Силјановска Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Од седумтемина кандидати само Силјановска Давкова, кандидатурата ја достави со поддршка на 30 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, додека останатите, кандидатурите ги поткрепија со граѓански потписи.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние и во потешки услови не сме се отажале

Мицкоски: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби