Утрински Весник
Магазин

Ди Каприо ja угости Нилам и нејзините пријателки на својата јахта

Ди Каприо ja угости Нилам и нејзините пријателки на својата јахта

Леонардо ди Каприо минатиот викенд ѝ беше домаќин на моделот Нилам Гил и нејзините пријателки модели на својата мега-јахта вредна 150 милиони долари.

dobivaj vesti na viber

Според „Дејли мејл“, холивудскиот актер (48) ја поканил британската убавица (28) да му се придружи на луксузниот брод „Лук Леман“, кој е закотвен на брегот на Италија.

Леонардо летува на прекрасниот брег Амалфи со својот татко и маќеата, кои исто така беа на бродот во тоа време, објави британскиот весник.

Ѕвездата на „Титаник“ е во лежерно издание, на себе има обична бела маичка, беж шорцеви и бејзбол капа.

Од друга страна, 28-годишната Гил е фотографирана во свилен миди фустан со принт.

На убавата Британка ѝ се придружија нејзините пријателки модели, Медисон Хедрик Намад (29) и Бјанка Балти (39).

Леонардо замина на одмор во Италија само неколку дена откако беше фотографиран со Џиџи Хадид, која им ја претстави на членовите на своето семејство, дознава британскиот весник.  Според истиот извор, Џиџи помина доста време со Леонардо  и неговото семејство за време на престојот во Лондон.

Двојката беше во куса романтична врска минатиот септември, кога беа забележани како се опуштаат на своите дружби во Њујорк.

„Оскаровецот и супермоделот Џиџи Хадид се дружат во Њујорк“, објави „Пипл“ во тоа време.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста