Утрински Весник
Магазин

Ди Каприо и Џиџи Хадид заедно на забава со маски

Ди Каприо и Џиџи Хадид заедно на забава со маски

Леонардо Ди Каприо и Џиџи Хадид беа забележани како се дружат на раскошна забава за „Ноќта на вештерките“ во Њујорк изминатиот викенд, а шпекулациите за љубовна романса меѓу холивудската ѕвезда и супермоделот не стивнуваат.

dobivaj vesti na viber

Леонардо (47) и Џиџи (27) присуствуваа на вечерата на Circoloco  во бродоградилиштето „Бруклин нејви јард“ по повод Ноќта на вештерките. Тие пристигнаа заедно со сестрата на Џиџи, Бела, супермоделот Ирина Шајк и трговецот со уметнички дела Хели Нахмад.

„Пејџ сикс“ цитира извор: „Лео носеше страшна маска поголемиот дел од ноќта, освен кога пиеше. Маската на Леонардо беше половина чудовиште, половина зомби.

Порталот пренесува дека и други ѕвезди, вклучувајќи ги Стела Максвел и Мет Смит, биле присутни на забавата.

Леонардо и претходно имал креативни костими за Ноќта на вештерките за да го скрие своето познато лице. Ви 2018 година стави бизарна маска на кловн, а во 2021 година беше облечен како 100-годишен старец.

Можете да прочитате

Колку често треба да имате секс за среќна врска? Експерт открива „златна средина“

Неврохирург открива на што родителите мора да внимаваат за здрав мозок кај децата

Стјуардесите открија едно нешто што посакуваат патниците да престанат да го прават во авионите