Утрински Весник
Свет

Девојчето кое ја преживеа сообраќајката кај Златибор има тешки повреди на главата, вратот, градниот кош и стомакот

Девојчето кое ја преживеа сообраќајката кај Златибор има тешки повреди на главата, вратот, градниот кош и стомакот

Вратена е функцијата на срцето на 11 годишното девојче кое преживеа во сообрааќајката кај Златибор, вели дежурниот анестезиолог Дамјановиќ за српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Извршени се дијагностички мерки и констатирани се тешки физички повреди како повреди на главата, вратот, градниот кош и стомакот. Детскиот хирург укажал на потреба од итно хируршко лекување, па екипата веднаш отишла во операционата сала да се грижи за повреди во градниот кош и стомакот“, рече Дамјановиќ и додаде дека градниот кош е исцеден, дека крварењето е прекинато.

„Пациентката е префрлена на постоперативна интензивна нега, но поради тешките повреди на главата и вратот, нејзиниот живот се уште е во опасност“, рече Дамјановиќ.

Цела Србија остана без зборови поради оваа страшна несреќа која однесе 3 животи.

До несреќата дошло кога дедото излегол од колоната од правец на Златибор и преминал на спротивната страна, кога со автомобил „шевролет“ прелетал директно под цистерната што се движела од правец на Пожега.

Луѓето на социјалните мрежи пишуваат пораки за поддршка на девојката чиј живот се борат од лекарите.

Можете да прочитате

Дрон во близина на авионот на Трамп: Итно затворен аеродромот во Палм Бич

ДВА УКРАИНСКИ ДРОНА СЕ СРУШИЈА ВО ФИНСКА: Хелсинки спроведува истрага за „сериозната повреда на територијата“

ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ЈА ОСУДИЈА ОДЛУКАТА НА ИЗРАЕЛ: На патријархот на Ерусалим му беше забранет влез во црквата на Светиот Гроб за Цветници