Поради цртежот на 12-годишната Русинка Маша Москајова од април 2022 година на кој се противи на руската агресија врз Украина, нејзиното училиште повикало полиција.
„Полицијата почна да ги истражува социјалните мрежи на таткото Алексеј и му рекоа дека ја воспитал ќерка си на лош начин“, вели градскиот советник од рускиот град Јефремов, Олга Подолскаја.
❗️Please, share: 12 years old Russian girl Masha drew a picture in support of Ukraine in her art class. The school called police, a criminal case was open against her father on discrediting the Russian army. Today Alexey Moskalev was arrested, and Masha was sent to an orphanage. pic.twitter.com/f93xc7v2Mp
— Maria Kuznetsova (@maria_de_forest) March 1, 2023
Таткото на Маша, Алексеј бил казнет со 32.000 рубли за дискредитација на руските вооружени сили. Против него била поведена кривична постапка пред неколку недели.
Алексеј сега се соочува со можна затворска казна. Тој моментално е во домашен притвор во Јефремов, а неговата ќерка Маша била привремено испратена во дом за деца. Алексеј не смеел да разговара со неа ни на телефон.
„Никој не ја видел Маша од 1 март, и покрај нашите обиди да добиеме пристап до сиропиталиштето и да дознаеме како е“, пишува Олга Подолскаја.
Според правилата за куќен притвор, на Алексеј му е дозволен само контакт со адвокатот, истражителот и затворската служба