Утрински Весник
Економија

Битиќи: Со инфраструктурните проекти од ТАВ програмата го подобруваме квалитетот на живот на сите наши граѓани

Битиќи: Со инфраструктурните проекти од ТАВ програмата го подобруваме квалитетот на живот на сите наши граѓани
Ss2

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, ја посети општина Чучер Сандево, каде e завршен инфраструктурен проект од ТАВ програмата.

dobivaj vesti na viber

„ Во оваа општина се работеше на реконструкција со асфалтирање на улица со должина од 2 километри, улица ги поврзува селата Мирковци и Бањани, односно поврзува 2 илјади наши сограѓани од овие села, или близу 10.000 сограѓани од целиот овој регион, кои секојдневно ја користат.

Ss1

Токму ова се придобивките од инфраструктурните проекти на ТАВ програмата, локални инфраструктурни проекти, низ сите општини, низ цела држава кои го подобруваат квалитетот на живот на сите наши граѓани“, изјави Битиќи.

Тој информираше дека веќе се реализирани 70% од започнатите проекти од ТАВ програмата, а сите ќе бидат завршени во предвидениот рок до крај на оваа, 2023 година.

„Со добро планирање и работа, се може! Градиме водоводи, канализации, спортски сали, патишта и улици, градинки, домови за стари лица, младински центри, инфраструктурни проекти кои се значајни за сограѓаните кои живеат во овие општини.

Ја јакнеме локалната инфраструктура, задоволен сум кога ја гледам динамиката на реализација на проектите, тоа значи дека моите сограѓани добиваат и квалитет и навременост“, изјави Битиќи.

Ss1

Можете да прочитате

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува – 24info.mk