Утрински Весник
Македонија

Деветнаесетти „Марш на ангелите“: Нашите деца не се статистичка бројка, бараме вистинска, целосна и праведна разрешница

20250823202953 big 730x400 40.webp.webp

Оваа трагедија не е само црна хроника во вести, не е статистичка бројка. Тоа се 62 згаснати животи, 62 семејства во црнина, 62 иднини украдени за миг, порачаа родителите на починатите во несреќата што се случи во дискотеката  „Пулс“, попладнево на 19. протестен „Марш на ангелите“.

Поворката од родители и нивните поддржувачи ја поминаа предвидената маршута – од Паркот на револуцијата, Трговскиот центар и зградата на Општина Кочани, Управата за јавни прихдои, зградата на полицијата, па се до Основниот суд од каде побараа овој случај да добие епилог, да не се заташка и заборави.


-Ако институциите дозволат оваа трагедија да заврши во тишина, ако не ја исполнат својата должност, тогаш испраќаат порака дека животот на нашите деца не значел ништо, а тоа ќе значи втора неправда, уште поголема и по тешка од првата, порачаа тие. 

Семејствата на загинатите, како што самите рекоа, не бараат од државата  сочуство и празни зборови, туку вистинска, целосна и праведна разрешница. 

-Секој што носи одговорност без разлика на функцијата, позицијата или моќта мора да биде изведен пред лицето на правдата, затоа што човековиот живот нема цена, а нашите загуби немаат замена, истакнаа на маршот.

Родителите го завршија маршот онаму од каде што тој и почна – во Паркот на револуцијата во Кочани, со себе носејќи фотографиите од своите деца и транспаренти со пораки што постојано ги упатуваат до истите институции.

Можете да прочитате

Сиљановска Давкова се сретна со делегација на раководството на Струшките вечери на поезијата

Мицкоски: Благодарност до ЕБР за нивната пожртвуваност и посветеност кон граѓаните и татковината

Во Македонија и понатаму постои сериозен проблем со детските бракови