Утрински Весник
Македонија

Деветнаесет пливачи се пријавени за Охридскиот маратон

Ohrid Maraton 750x375 1.jpg

Oхридскиот пливачки маратон оваа година ќе се одржи по 37-ми пат. Главната трка на 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид, ќе се одржи в сабота на 31 август.

Закажаниот старт во 11:00 часот ќе собере деветнаесет пливачи од девет различни земји. Во машката категорија ќе учествуваат единаесет пливачи, вклучувајќи тројца македонски маратонци: Леонид Мишевски, Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски. Осум пливачки ќе се натпреваруваат во женската категорија.

Наградниот фонд на маратонот е 12.000 евра, со 2.000 евра предвидени за најбрзите пливачи на двата спринта на контролните бови.

Охридскиот пливачки маратон, кој и оваа година е дел од Фестивалот на вода, се организира од страна на Општина Охрид со поддршка од Министерството за спорт и Пливачката федерација на Македонија, додека технички организатор е ПК Охридски бранови 2008 – Охрид.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор