Утрински Весник
Свет

Деветгодишното девојче застрелано во ресторан во Лондон се бори за живот, а тројцата мажи се во стабилна состојба

Screenshot 2024 05 30 172557.jpg

Деветгодишно девојче, кое синоќа беше застрелано додека вечераше со семејството во ресторан во источен Лондон, е во критична состојба, јавува Скај њуз. Таа е една од четирите жртви во пукањето што се случи во источниот дел на градот. Девојчето се бори за живот, соопшти полицијата, а тројцата мажи на возраст од 26, 37 и 42 години се во стабилна состојба. Семејствата биле излезени на вечера кога се случило пукањето, а очевидци изјавиле за Скај њуз дека првично мислеле дека тоа е огномет пред да слушнат шкрипење на мотор. Никој не е уапсен, полициската истрага е во тек.

Можете да прочитате

Иран нема да отстапи под притисок во нуклеарните преговори со САД

Муцунски телефонски разговарал со новата министерка за надворешни работи на Бугарија

Затруени повеќе од 100 бебиња во Европа од токсин во адаптирано млеко