Утрински Весник
Свет

Девет загинати 10 ранети по вооружен напад во Јужна Африка

De444816 d26a 40fa 81e3 7ce1439514d4.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Девет лица се убиени, а десет се повредени во пукотница што се случи рано утрово во населба југозападно од Јоханесбург, а властите започнаа потрага по осомничени, соопшти полициската служба на Јужна Африка.

Инцидентот се случил непосредно пред 1 часот по локално време во паб во населбата Бекерсдал во Јоханесбург, соопшти полицијата.

Околу 12 непознати осомничени лица, кои пристигнале со бел минибус и сребрена лимузина, отвориле оган врз гостите, продолжувајќи да пукаат случајно додека тие бегале од местото на настанот, соопшти полицијата, додавајќи дека мотивот за пукањето ќе биде утврден преку истрага. Сите ранети се однесени во медицински установи на лекување, додаде полицијата.

Бекерсдал е дел од локалната општина Ранд Вест Сити, чија веб-страница го опишува населбата како област која се карактеризира со високи стапки на невработеност и сиромаштија поради падот на рударството на злато.

Јужна Африка, најсилната економија во Африка, има една од највисоките стапки на убиства во светот, со просек од 60 убиства дневно.

Можете да прочитате

Гугл ги враќа на работа работниците што претходно ги отпушти

Речиси еден милион лица раселени по конфликтот меѓу Камбоџа и Тајланд

Путин е подготвен да разговара со Макрон, соопшти Москва