Утрински Весник
Свет

Девет лица повредени во напад со нож во Тајпеј

20251219135713 big 730x400 64.webp.webp

Девет лица се повредени, од кои четворица потешко, во насилен инцидент на метро-станица во главниот град на Тајван.

Пред нападот, осомничениот фрлил димни бомби на метро станица во близина на главната железничка станица во градот. На снимки од локалните медиуми се гледа осомничениот како слегува на следната станица на метрото и фрла уште димни бомби на улицата пред да извади нож и да ги избоде минувачите.

Тајванскиот премиер Чо Чунг-те не даде дополнителни детали, а мотивот за нападот останува нејасен.

Тајванската државна новинска агенција објави дека осомничениот паднал или скокнал од висок кат на трговски центар. Полициска екипа повикала брза помош, која го однела во болница. 

Можете да прочитате

Американски воени бродови се распоредија на Хаити

Убиен Саиф Гадафи, син на Моамер Гадафи

Трамп: Веќе увезовме 50 милијарди барели нафта од Венецуела