Во Шкоза, место на периферијата на Тирана, се случи стравично злосторство. Роланд Синани (43) ја застрелал својата снаа за брат, Мигена Синани, која била мајка на две деца. Сѐ се случило додека таа спиела во својата соба. Деверот на Мигена, потоа си го одзел животот.
Во моментот на убиството, убиената била заедно со нејзиното двегодишно дете. Оружјето со кое е извршено кривичното дело било пронајдено на неколку метри од убиецот.
Членовите на семејствата на жртвите, ѝ рекле на полицијата дека на убиството не претходел никаков конфликт, а дека тие се разбудиле во раните утрински часови откако слушнале врисоци, пренесува ABC News.
Откако со пиштол пукал во својата снаа, Роланд Синани самоубиството го извршил во дворот од куќата. Во новинарски извештај, направен по разговор со сведоци на од местото на настанот, новинарот на „ABC News“ вели дека Синани бил познат како мирна личност во околината и дека не правел проблеми.
Познато е и дека Синани бил во вооружените сили, додека моментално работел на сервис во областа Али Деми. Полициски извори велат дека пиштолот со кој го извршил кривичното дело го поседувал без дозвола.
Според локалните медиуми, мајката на Роналдо го видела синот со пиштол и го замолила да го спушти. Потоа отишла во својата соба и се подготвувала да спие, па ги слушнала истрелите.
Инцидентот се случил околу 4 часот во куќата на семејството Синани. Насилникот отишол во собата во која спиеле сопругата на брат му и двегодишната внука и потоа испукал со пиштол.Сопругот на убиената во моментот на злосторството не бил дома, туку бил на работа бидејќи работел како таксист.