Утрински Весник
Македонија

Детска клиника: Бебето беше донесено предоцна, со тешка сепса и не можеше да биде спасено

Detcka Klinika.jpg

Директорот на Детската клиника, доктор Реџеп Мемеди, уште во саботата за 24Инфо изјави дека нема ништо спорно во смртта на осумдневното бебе кое било донесено од струмичката општа болница, поточно дека “деца умирале секојдневно на Клиниката”.

Според него, детето било предвремено родено и со помала тежина за својата возраст. Тоа поминало неколку дена дома, а во семејството имало и други болести.

Како што објасни Мемеди, бебето е донесено со задоцнување и тешка сепса, прво во струмичката болница, а потоа било упатено во Скопје поради сериозноста на состојбата.

И покрај интензивната нега раната сепса кај предвремено родените деца има висок степен на смртност.

Лекарите од детската клиника велат дека станува збор за бременост која не била редовно контролирана.

Смртноста кај доенчињата во земјата паѓа, но и понатаму е висока во европски рамки.

Во 2014 година имало 233 случаи, додека во 2023 година се регистрирани 58 случаи на смртност.

Овој последен случај спаѓа во неонаталната смртност, што се однесува на бројот на умрени доенчиња во првите 28 дена од раѓањето на 1.000 родени деца.

Можете да прочитате

Детали за земјотресот кој вечерва го стресе Скопје

Лимани: До 2028 година 25 нови градинки

Вечерва почувствуван земјотрес во Македонија