Утрински Весник
Спорт

Детроит славеа во Далас – Хејс ги засени Дончиќ и Богдановиќ

Детроит славеа во Далас – Хејс ги засени Дончиќ и Богдановиќ

Детроит Пистонс славеа во дуелот со Далас Маверикс со 131:125, по едно продолжение, во единствениот НБА натпревар одигран изминатата ноќ.

dobivaj vesti na viber

Натпреварот го одбележа младиот плејмејкер Пистонс, Килијан Хејс, кој постигна осум од своите 22 поени во продолжението.

Откако Кристијан Вуд се заби и израмни на 125-125 на 95 секунди до крајот на натпреварот, Хејс погоди две последователни тројки и им ја донесе на Пистонс само шестата победа сезонава.

Хејс ја засени балканската пресметка во која Бојан Богдановиќ и Лука Дончиќ постигнаа вкупно 65 поени.

Богдановиќ ги предводеше Пистонс со 30 поени (5/6 тројки), додека Марвин Багли постигна 19 со 13 скока.

Дончиќ го предводеше Далас со 35 поени (7/14 тројки) со 10 асистенции и 5 скока, Тим Хардавеј Џуниор постигна 26, а Вуд 25.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами