Утрински Весник
Македонија

Детето кое уби Македонец во Сончев град има криминална историја: Претепал и Украинец, сторител е и на разбојништва

Детето кое уби Македонец во Сончев град има криминална историја: Претепал и Украинец, сторител е и на разбојништва

Бугарските власти соопштија дека 14-годишниот Михаил, осомничен за убиството на македонскиот државјанин И.Н., и претходно имал извршено кривични дела како кражби и разбојништва. Лани имало сличен инцидент кога тој претепал Украинец исто така  со дрвен колец и му го украл златниот накит, пишуваат бугарските медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Да имаш извршено повеќе кривични дела до 14 години и да имаш криминално досие, не може да се смета воопшто за прифатливо однесување, изјави Калојан Калојанов, висок комесар на полицијата во Бургас, задолжен за истрагата.

На убиениот Македонец кој до смрт бил претепан со дрвен колец му биле украдени 1.800 лева (околу 900 евра).

Осомничениот малолетник поради возраста ќе добие поблага казна доколку биде гонет за убиство, максималната казна е 5 години лишување од слобода.

Убиениот секоја година работел за ист сопственик во туристичките региони во Бугарија. Преку лето работел во објект на Сончев Брег кај Несебар, преку зимскиот период во Банско.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница