Утрински Весник
Македонија

Дете силувано во гевгелиско: Македонец го нападнал кога останало само во куќата, определен е притвор

Обљуба врз малолетничка во Тетово, таткото пријавил напад врз ќерката

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице со двојно македонско и холандско државјанство, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

– Осомничениот, на 4 август, во неговата куќа во гевгелиско, извршил полово дејствие врз дете родено 2011 година, искористувајќи го моментот кога детето останало само со него во куќата, извести Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори или ќе го доврши кривичното дело. Предлогот е прифатен и со решение на Судот на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Дали човек смее да има бизнис и да биде член на партија?

Внимавајте: Маж измамен за 2.000 евра за лажни документи за странство

Вработена нападната во здравствена установа во Ѓорче Петров