Утрински Весник
Македонија

Детали за сообраќајката кај Росоман: Се судриле четири возила, починатите се од Прилеп и Свети Николе

Детали за сообраќајката кај Росоман: Се судриле четири возила, починатите се од Прилеп и Свети Николе

Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа што се случи утрово кај Росоман, кај местото викано „Камен дол“.

dobivaj vesti na viber

Две лица го загубија животот, а уште тројца се тешко повредени.

Според деталите од полицијата, најпрво се судриле две возила, а потоа комбе излетало од коловозот за да го избегне судирот, но во него удрил четвртиот автомобил.

„Сообраќајната несреќа се случила помеѓу возило „фиат добло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(55) од Прилеп и патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(61) од Свети Николе.  Малку подоцна на истото место, патничко возило „даеву матиз“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(55) од Свети Николе, удрило во комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(52) од Скопје, кое претходно излегло од коловозот за да ги избегне двете возилата кои учествувале во несреќата“, велат од МВР за „Макфакс“.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Ѓ. од Прилеп и сопатничката во возилото „голф“, С.С.(55) од Свети Николе, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци.

Со тешки телесни повреди се здобиле возачите Љ.С. и С.С., како и сопатничка во возилото „матиз“, О.С.(54) од Свети Николе, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кавадарци.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!