Утрински Весник
Македонија

Детали за пожарот што букна во затворот во Битола: 18 притвореници биле евакуирани

Почина затвореник, кој бил на чекор да излезе од затворот во Шутка – играл фудбал, му се слошило, имало реанимација

Осумнаесет притвореници биле евакуирани за време на пожарот што изви синоќа во притворското одделение во затворот во Битола.

dobivaj vesti na viber

Службените лица во затворот најпрво со противпожарни апарати се обиделе самите да го изгасат пожарот, но бидејќи не успеале веднаш почнале со евакуација на 18 притворени лица кон шеталиштето за притворени и повикале надворешно обезбедување, пожарна и брза помош. Пожарот бил за кратко време локализиран.

Како што објави вчера „Макфакс“ притворениците биле пренесени во други казнено-поправни установи.

„Сите притворени лица согласно наредбите на надлежните судови биле преместени во други притворски одделенија во КПУ Затвор Скопје и во КПУ Затвор Охрид, со полициска асистенција“, велат од Управата за извршување на санкции.

Дел од вработените лица биле упатени на превентивни прегледи во Клиничката болница во Битола, при што за среќа нема повредени притворени и вработени лица од Установата.

Надлежните истражни органи дополнително ќе ги утврдуваат можните причинители за пожарот.

Можете да прочитате

Во АРМ ќе бидат примени нови 300 професионални војници

Сиљановска Давкова: Не мислам дека треба да има предвремени избори

Проштална средба меѓу Агелер и Мицкоски