Утрински Весник
Македонија

Детали за излетаното товарно возило кај Хиподром – удрило во банкина

571162873 1122975820012944 2978049387169218536 n.jpg
Dik 300x250 mk

Поради сообраќајна несреќа во прекин е сообраќајот на скопската обиколница во правец кон Куманово, кај клучка Хиподром, возилата се пренасочуваат по автопатот Скопје-Велес

Денеска (24.10.2025) околу 09:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на скопската обиколница, кај клучка Хиподром, исклучок кон Куманово, товарно возило „мерцедес“ удрило во банкина. Со повреди се здобил возачот, кој е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Поради преземање на мерки за отстранување на возилото од коловозот, сообраќајот во овој дел од автопатот е во прекин, а возилата се пренасочуваат преку автопатот Скопје-Велес.


Можете да прочитате

ЦИОС – група, Загреб: „Македонски железници – Транспорт” ни должат 25 милиони евра за кои гарантира државата Македонија со закон од 2004 година

Милевски: Сомнителен молк на кандидатот на ДПМНЕ, Костадиновски за случајот Детонатор, за Пулс, дивата сеча и тепањето советник

Тешко повреден 71 годишник, со четирицикл удрил во ѕид од куќа