Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Детали за грабежот во Гостивар: Крадците заминале со „плен“ вреден 1.8 милиони евра

Img 8862.jpeg
Img 7972

На 10.10.2025 во 18:45 часот во СВР Тетово е пријавено дека четири маскирани лица со автоматско оружје извршиле разбојништво во златарница во близина на малиот пазар во Гостивар, сопственост на С.Ж. од Гостивар, при што одзеле околу 18 килограми злато во вредност од околу 1,8 милиони евра.

По извршување на делото лицата побегнале со патничко моторно возило “бмв х3”  без регистарски таблички.


Веднаш е постапено по пријавата и во 19:00 часот на регионалниот пат Мавровска крстосница – с.Маврово пронајдено е опожарено патничко возило „бмв х3″ без регистарски таблички. Пожарот е изгаснат од Територијалната протившпожарна единица Гостивар и при вршење на увидот во возилото е пронајдена автоматска пушка со бајонет. По наредба на јавен обвинител возилото е однесено во кругот на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Скопјанец пријавил дека бил нападнат од сопругата со предмети во семејниот дом

Сиљановска-Давкова: И по 35 години Венецијанската комисија симболизира верба во правото, верба во дијалогот и верба во демократијата

Вмровци притискале, тогашната власт не попуштила: Кафулето на газдата на Пулс било пломбирано