Утрински Весник
Свет

Детали за експлозијата во рудник во Турција – две лица загинаа, 20 се повредени

Детали за експлозијата во рудник во Турција – две лица загинаа, 20 се повредени

Според досегашните информации, две лица загинале, а 20 се повредени во експлозијата што се случила во рудникот во Бартин, во Турција. Ова го изјави министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, пренесува „Анадолија“.

dobivaj vesti na viber

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу и министерот за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез отпатуваа на местото на настанот.

Според неофицијални информации од Турција, околу 50 лица останале заробени во јамата по експлозијата. Причината за експлозијата не е позната.

„44 лица се заробени на 300 метри под земја, пет лица на надморска височина од минус 350, додека 14 работници се евакуирани од местото на несреќата“ – изјави гувернерот на Бартина, Нуртач Арслан.

Агенцијата АП потсетува дека во најголемата катастрофа во турскиот рудник, 301 лице загина во 2014 година, кога избувна пожар во рудник за јаглен во градот Сома, на западот на Турција.

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија