Утрински Весник
Македонија

Детали за двојното убиство: Влегле во униформи, викале да не мрдаат, па им пукале во глава

Детали за двојното убиство: Влегле во униформи, викале да не мрдаат, па им пукале во глава

Околу пет лица облечени во униформи со фантомки на глава влегле во кафуле во Старата скопска чаршија, ги таргетирале сега двајцата убиени и им пукале во глава. Вака очевидци за „Макфакс“ тврдат дека се случил грозоморниот настан вечерва во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Според неофицијалните информации, кога вооружената група влегла, викала никој да не мрдне, посочувајќи дека станува збор за рација. Во моментот на пукањето, немало многу луѓе во барот.

Освен убиени, има и неколку повредени лица. Двајцата убиени биле во одделен дел на кафулето односно во горниот дел на објектот, во засебна канцеларија, каде што вооружената група ги затекнала. Овие неофицијални информации засега не можат да се потврдат, бидејќи од МВР велат дека се работи на настанот и со повеќе детали ќе излезат подоцна.

Околностите под кој се случил настанот укажуваат дека станува збор за однапред направено сценарио, со точно одредени жртви. Еден од нив е и наркобос од Грчец, Јетон Кривањева викан Жила. Неговото име во јавноста се поврзуваше и со други инциденти во минатото.

МВР објави првични детали за двојното убиство, пришто информираа за двајца убиени (Ј.К.) и (Е.И.) и едно повредено лице (А.Т.), кое е пренесено во болница за укажување лекарска помош.

Местото е опколено со полиција, пристапот до кафулето во Чаршија е целосно затворен уште на 50 метри пред влезот. Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на увидот.

Можете да прочитате

Државниот секретар на МВР Сашо Петрушевски  учествуваше на Регионалниот форум на министри за внатрешни работи/безбедност (MARRI) во Тирана

СДСМ алармира: Министерството за правда ја саботира реформската агенда!

Работниците да не работат на отворено во период од 11 до 17 часот, ослободување од работа за бремените и лицата над 60 години