Утрински Весник
Македонија

Детали за бегството на 36 годишниот затвореник кој зад решетки треба да е до 2040 година

Детали за бегството на 36 годишниот затвореник кој зад решетки треба да е до 2040 година

На ден 12.01.2023 година, околу 23,20 часот при спровод на осуденото лице Б.М (36) од КПУ „Идризово“ во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пумпа на Лукоил, службеното возило било пресретнато од возило марка „ауди“ со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот.

dobivaj vesti na viber

Осуденото лице во тој момент му го одзел службениот пиштол од футрола на затворскиот полицаец И.Х. кој го возел комбето, пукал во него и го повредил во долниот дел на стомакот.

Поради повредата, возачот го запрел возилото, а осуденото лице се дало во бегство со патничкото возило „ауди”.

Вработените во затворската полиција го пријавиле случајот во СВР Скопје. Повредениот затворски полицаец е префрлен во болница на натамошно лекување а со учесниците на настанот извршени се разговори од страна на надлежните на МВР. Издадена е наредба за распишување на централна потерница.

Управата за извршување на санкции ќе направи вонреден надзор во КПУ Идризово и за сите утврдени неправилности ќе преземе соодветни мерки со цел да се утврди зошто не била обезбедена полициска асистенција за спровод до болница.

Воедно, ќе се утврдува дали постои одговорност за организацијата на спроведувањето на осуденикот како и за пропустите кои довеле до ваква разврска на целиот настан, информираат од Министерството за правда.

Оттаму соопштуваат дека осуденото лице Б.М од Тетово бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор , од кои 19 за убиство и 2 за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Казната ја издржува од 28.12.2020 година а истекува на 17.04.2040 година.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово