Утрински Весник
Економија

Деспотовски: Грците лесно „ќе преживеат“и без Митилинеос, придобивките се наши

Mitilineos Gasna Centrala.png

Гасната централа во Скопје годишно ќе носи околу 100 милиони евра приходи а граѓаните ќе плаќаат помали сметки за струја и парно, преку заштеди во Буџетот од трансфери кон државното ЕСМ. Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски вели дека не постои никаков сомнеж во однос на значењето на Митиленеос и придобивките за земјата и граѓаните што ги носи оваа енегретска инвестиција. За него е нејасно е зошто и со која цел еден мал дел од јавноста упорно се обидува да фрли сомнеж и да наметне дилема за потребата дали воошто да се случи проектот и дали можеби државното ЕСМ треба да го работи ова.

„Станува збор за сериозно голема компанија во делот на енергетиката, со приходи од милијарди евра, операции во повеќе европски земји и повеќе илјади вработени. Знаејќи го ова, на некој што набљудува одстрана може да му изгледа како да си придаваме премногу на значење во некои европски или глобални економски рамки, па постојано и постојано бараме некакви скриени агенди или заговори во намерите на големи инвеститори да дојдат кај нас. Да бидеме прецизни, проектот за гасна централа во Скопје годишно ќе носи околу 100 милиони евра приходи (не добивка!). Тоа е околу 1,3% од вкупните приходи на Митилинеос на годишно ниво. Е сега, реалното прашање што се поставува не е дали Митилинеос ќе има добивка. Ќе има секако, иако таа е 2,5 пати помала од тоа што се лиферува во јавноста. Не е ниту прашање дали граѓаните на државата ќе имаат добивка. Ќе имаат, и тоа по повеќе основи во безмалку ист износ како и инвеститорот (за 5 пати помалку вложени средства). Ќарот за граѓаните ќе биде преку помали сметки за струја и парно, преку заштеди во Буџетот од трансфери кон државното ЕСМ итн“ вели тој.

Она што релано треба да се постави како прашање е кому навистина му е потребна оваа инвестиција во делот на енергетиката, вели Деспотовски, дали на нас или на инвеститорот. Кој губи а кој добива со изградбата на Митилинеос?

„Ако ги погледнеме повторно бројките на приходи и што проектот во Македонија му носи на Митилинеос, тогаш е поприлично јасно дека грците лесно „ќе преживеат“ и без оваа инвестиција во Македонија. Нас ќе ни остане загадениот воздух во Скопје, годишните субвенци од Буџетот кон државното ЕСМ од над 35 милиони евра, годишните обврски за ЦО2 тарифи од над 50 милиони евра, над 130 милиони евра годишен увоз на струја итн. Знаејќи го ова, јасно е зошто ние се залагаме за овој проект. Јасно е и зошто грчкиот инвеститор стои настрана и не изгледа премногу мотивиран да се впушти во дискусија и објаснување на позициите. Очигледно нема што да загуби премногу ако не се реализира проектот во Македонија. Ќе отидат на друго место. Останува само нејасно зошто и со која цел еден мал дел од јавноста упорно се обидува да фрли сомнеж и да наметне дилема или подобро „дилема“ за потребата дали воошто да се случи проектот и дали можеби државното ЕСМ треба да го работи ова. Македонија е зависна од увоз на струја. Не само Митилинеос, туку уште најмалку 1-2 вакви проекти ќе бидат потребни само да се затвори постојната „дупка“. Да не зборувам за она што следи на среден и долг рок и енергетската транзиција од јаглен кон други извори на енергија“ порача Деспотовски.

Странските инвестиции играат значајна улога во подигање на економскиот раст, особено за малите и отворени земји како што е нашата, преку воведување на нови технологии, нови модели на работење, нови пазари и, секако, нови практики. Споредбено ако во 2016 година сме имале 650 милиони евра инвестиции сега сме на 2 милијарди постигнати инвестициски договори. Бројот на работници во зоните се искачи на речиси 18.000 што е два и пол пати повеќе споредено со 6.500 во 2016 година.

„Работните места, обуката и зголемувањето на вештините и продуктивноста, како и растот на платите што се поттикнува е директна придобивка за граѓаните. Дополнително, но не помалку важно, се приходите во Буџетот, кои во последните неколку години значително растат. Така, само од компаниите од ТИРЗ во последната 2023 уплатени се над 75 милиони евра по основ на придонеси и персонален данок (без данокот на добивка, што не е пресметан во оваа бројка). Тоа значи дека за секое евро што државата го издвоила како поддршка за овие инвестиции во Буџетот се вратени 3,5 евра“ исткна Деспотовски.

По однос на предлогот на првиот регулатор Марко Бислимовски сите енергетски компании во земјава вклучувајќи ја и државната ЕСМ да добијат ист третман како грчки Митилиенос, Деспотовски вели дека тоа е одличен и го поддржува. Смета дека секој што има знаење, капацитет и желба да реализира вакви проекти ќе добие ист модел и третман.

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Соработката со „Бехтел ЕНКА” продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025