
Откако денеска преку сооопштение СДСМ најави дека ќе пристапи кон исклучување на членот Јован Деспотовски поради како што рекоа дека „ја продал партијата за пари“ и „бил петтоколонаш“ со своја реакција се јави и самиот Деспотовски.
Тој, вели дека по 30 години политички стаж не очекувал неговата матична партија да го остави целосно без зборови и коментар.
„Во сите јавни настапи сум бил максимално умерен дури и во ситуации и за луѓе кои апсолутно заслужиле остар став. Ако таа умереност сега станува закана за актуелниот партиски врв тогаш СДСМ има многу поголем проблем отколку што и мислиме.
СДСМ имала и ќе има многу поголеми личности од актуелниот претседател. И, никој од нив никогаш не се ставил над партијата, над нашето семејство. Тоа не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде. Една лична порака за крај или за почеток – Венко, со една одлука не можеш, ниту ќе дозволам да избришеш 30 години работа, љубов и жртва“ пишува Деспотовски на социјалните мрежи.
Инаку, Деспотовски кој доаѓа од општинскиот огранок од Карпош беше и противкандидат на Венко Филипче на последните внатрепартиски избори.


