Утрински Весник
Македонија

Десница: „Не“, за насилна промена на Уставот

Ковачевски: Не е точно дека некои пратеници од СДСМ нема да ги поддржат уставните измени

И со денешните десет гласови „за“ и седум „против“ на Собраниската Комисија за уставни прашања која го изгласа натамошното разгледување на предлогот за уставни измени, власта по кој знае кој пат покажува сила и непочитување на мислењето и ставот на мнозинството на македонски граѓани кои се против ваквите уставни измени, реагираат од Десница.

dobivaj vesti na viber

Овој собраниски состав, според партијата, нема мандат од граѓаните за промена на Уставот, па затоа на Македонија итно и се потребни предвремени парламентарни избори каде партиите во своите изборни програми треба да стават дали, кога, во кој дел и зошто би го менувале Уставот.

„Со уставните измени, кои сега се туркаат насилно, само ќе се отворат нови прашања, а досегашните проблеми ќе се продлабочат. Во ЕУ не влегуваме поради неуспешните и несериозни владини политики и ,,битки“ со криминал и корупција, а не поради барањата на Бугарија!“, се потенцира во нивната реакција.

Десница смета дека членството во ЕУ е во интерес на Македонија, но не по цена на туѓи интереси и уцени, а на штета на државата.

„А прашање е и дали ЕУ сака Македонија да стане дел од нејзиното семејство?! Десница, и покрај тоа што не е дел од Собранието, останува категорично против било какво менување на Уставот на Македонија во насока на нанесување огромна штета на македонските граѓани“, се појаснува во соопштението од оваа партија.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег