Утрински Весник
Македонија

„Десна“ објави писмо од својот поранешен лидер „Палчо“ упатено до министерот Лога

Fb Img 1714639741295.jpg

Политичката партија Десна на својот официјален Фејсбук профил, објави наводно писмо од својот поранешен лидер Љупчо Палевски – Палчо, кој е пред екстрадиција во земјава и отпочнување на судска постапка за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, за кое е првоосомничен. Според објавеното, писмото е упатено до министерот за правда Кренар Лога, пишувано лично од Палчо, на ден 29.04.2024 година, а на 30.04.2024 година во 17.00 часот му било испратено преку службениот мејл на адреса „cabinet@mjustice.gov.mk“. Во писмото стои дека Палчо наводно барал брза екстрадиција во земјава, но дека Лога не презел мерки. -Министер не сте направиле ништо за да бидам изведен пред органите на прогонот (ОЈО) за да можам активно да се бранам. Тоа е моето неприкосновено право, произлезено од Закон, стои меѓу другото во наводното писмо на Палевски. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пред два дена информира дека во најкраток рок Палевски ќе биде екстрадиран во Македонија. Во моментов се преземаат мерки за неговото спроведување, рече тој, откако Министерството за правда потврди дека е одобрена екстрадицијата од турските власти, бидејќи кај нив е завршен судскиот процес и административната процедура. За дветее свирепи убиства осомничени се уште 5 лица.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!