Утрински Весник
Култура

Десетта јубилејна изложба од проектот „Поврзување“ на КИЦ на Северна Македонија во Софија

Десетта јубилејна изложба од проектот „Поврзување“ на КИЦ на Северна Македонија во Софија

На 11 јули во галерија „Академија“ на Националната академија за ликовни уметности во Софија, со почеток од 18:30 часот, ќе биде отворена групната ликовна изложба „Средба од десетти вид“. Изложбата е резултат од соработка меѓу Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија и Националната академија за ликовни уметности, дел е од проектот „Поврзување“, кој оваа година ја одбележува својата 10-годишнина. Со настанот започнува и одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Бугарија.

dobivaj vesti na viber

Учествуваат авторите: Гордана Вренцоска, Дејан Иванов – Маргуш, Јана Манева-Чупоска, Беди Ибрахим, Маријана Иванова, Перица Георгиев – Пепси, Павел Целкоски, Марјан Ѕингаров, Иво Пецов, Ненад Микиќ, Зоран Мише, Момчил Мирчев, Свилен Стефанов, Росен Тошев, Рикардо Кварежма Виејра, Валтер Праташ и Золтан Ференц.

Изложбата е составена од над 50 дела од областа на цртежот, графиката, сликарството, скулптурата, фотографијата, дигиталната графика и видеоарт. За љубителите на ликовната уметност изложбата ќе биде отворена до 30 јули 2023 г.

Почетокот на проектот „Поврзување“ на КИЦ на Република Северна Македонија е поставен во 2012 година и прескокнувајќи ја единствено 2013 година продуцира ликовни изложби до денес, а со тек на времето списокот на автори се зголемува и збогатува. Кон базичната група „Конекција“, составена од уметници од Северна Македонија кои живеат и работат во Бугарија, постепено се вклучуваат и македонски уметници кои имаат активна уметничка дејност во Северна Македонија, како и бугарски уметници кои имаат изјавен творечки пат. Оваа година кон изложбата се вклучени и дела од романски и португалски уметници.

Повеќе информации за проектот „Поврзување“ од минатите години можете да најдете на сајтот на КИЦ на РСМ во Софија: https://kic.com.mk/mk/content/proekt-povrzuvanje

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“