Утрински Весник
Македонија

Десет фирми добиле 1 милијарда евра преку тендери во последниве пет години

Img 8700.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во периодот од 2019 до 2023 година, во Македонија се склучени договори за јавни набавки во вкупна вредност од 5,8 милијарди евра, при што 36% од овие тендери им припаднале на само 50 компании. Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, најголемиот дел од тендерите завршиле во рацете на градежни компании, веледрогерии, дистрибутери на нафтени деривати и други фирми, кои речиси целосно зависат од јавни набавки за својот бизнис.

Првите 10 фирми на оваа листа освоиле тендери во вкупна вредност од 1 милијарда евра, што ја потврдува концентрацијата на пазарот и значајната улога на неколку големи компании во процесот на јавни набавки. На листата се наоѓаат познати компании како Марковски Компани Битола, Д-р Пановски, Пуцко Петрол, Алкалоид Конс, Енерџи Деливери Солушнс, Макпетрол, Илинден Струга, Гранит, Македонски телеком и Стентон Градба Битола.

Истражувањето покажува дека некои од овие фирми во голема мера се зависни од јавните набавки, што дополнително ја истакнува важноста на транспарентноста и контролата во процесот на доделување на тендери.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари