Утрински Весник
Скопје

Дератизација, дезинсекција и дезинфекција во училиштата и градинките во Центар

20251024132211 big 730x400 57.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа работна средба со директорите на основните училишта и градинките, на која беа договорени конкретни активности за одржување на хигиената во образовните установи на највисоко ниво.

Договорено е викендот да се спроведе повторна дератизација во сите воспитно-образовни установи, откако веќе имаше една пред првиот изборен круг, а исто така беа спроведени дезинсекција и дезинфекција.


По изборниот процес, согласно кризниот план, предвидено е сите училишта и градинки уште еднаш да бидат дезинфицирани и да биде спроведена дезинсекција.

„Ова што денеска го договоривме се реализира согласно усвоените кризни мерки на Општина Центар за справување со потенцијални епидемии, заразни болести и појава на глодари опасни по здравјето, а во рамки на актуелната состојба со сметот”, посочи Герасимовски.

Во постизборниот период предвидена е темелна дезинфекција и дезинсекција на сите простории каде се учи и престојува, вклучувајќи подови, ѕидови и мебел. Ќе се користат сертифицирани и безбедни препарати, согласно упатствата и стандардите за заштита на здравјето на децата и вработените.

Активностите за чистење на воспитно-образовните установи се преземаат во рамки на заштита на здравјето и безбедноста на децата и персоналот, особено во услови на еколошки и здравствени предизвици и појава на глодари.

Герасимовски истакна дека општината ќе продолжи со редовно следење на состојбата и континуирана соработка со директорите, со цел да се обезбедат хигиенски услови во средини каде престојуваат вработените и децата.

Можете да прочитате

Минатата недела во Центар санкционирани 123 непрописно паркирани возила

Општина Аеродром со нова алатка за директна оцена на нејзината работа од граѓаните

Хуманитарен настан во МКЦ по повод 15 години Национална мрежа против насилство врз жени